Твитер-профилот на Кангана Ранаут беше суспендиран трајно поради кршење на политиката за ширење омраза и навреди. Имено, таа е позната по нејзината поддршка за индискиот премиер Нарендра Моди…

Твитер-профилот на актерката Кангана Ранаут е „трајно суспендиран за повеќекратно кршење на правилата на Твитер“, изјави портпаролот на компанијата.

Оваа одлука следела по бројните коментари на актерката за пост-гласачките немири во Западен Бенгал, за кои многумина кажаа дека се буквален повик за насилство. Твитовите на Кангана предизвикаа негодувања, па многумина побараа некаков вид одговорност, пишува „The Indian Express“.

Портпаролот на „Твитер“ рече дека профилот на Кангана е суспендиран за повеќекратни прекршувања.

Бевме јасни дека ќе преземеме силни мерки за секое однесување што има потенцијал да доведе до штета надвор од мрежата. Профилот е трајно суспендиран заради повеќекратно кршење на правилата на „Твитер“, конкретно на нашата политика за ширење омраза и навреди“, велат од компанијата.

Актерката тврди дека потегот на Твитер покажува наводна пристрасност.

Твитер само ја докажа мојата поента дека тие се Американци и уште од раѓање, белците имаат право да владеат со личност со потемна боја на кожата, тие сакаат да ви кажат што да мислите, што да зборувате или што да правите. Имам многу платформи што можам да ги искористам за да го кренам својот глас, вклучително и мојата сопствена уметност во форма на кино“, рече Кангана.

Сочувствувам со луѓето од оваа нација кои биле измачувани, поробени и цензурирани илјадници години. Но, на страдањата им нема крај“, додаде таа.

Кангана, исто така, одговори со видео на својот инстаграм-профил.

Растажена, без зборови, смрт на демократијата. Важна порака за нашата влада“, стоеше во описот на видеото.

Кангана Ранаут е позната по бројните објави на социјалните мрежи без филтри.

Одговарајќи на потегот, боливудската актерка Кубра Саит рече дека суспендирањето на профилот е трајно олеснување.

Амин! Социјалните медиуми ќе бидат подобри без неа“, истакна таа.

Модните дизајнери Ананд Бушан и Римзим Даду исто така објавија дека со оглед на говорот на омраза на Кангана, тие ги отажуваат сите идни проекти со неа.

Двајцата дизајнери исто така рекоа дека ќе отстранат слики од досегашната соработка со актерката.

Со оглед на одредени настани денес, донесовме одлука да ги отстраниме сите слики од нашата соработка со Кангана Ранаут од нашите канали на социјалните медиуми. Исто така, ги откажуваме сите проекти поврзани со неа во иднина. Ние како бренд не поддржуваме говор на омраза“, се вели во изјавата на Ананд.