СОСТОЈКИ:

– 500 г мелено месо
– 1 кромид
– 1 морков
– 2 модри патлиџани
– 2 зелени пиперки
– 2 тиквички
– 2 домата
– 1 лажица сенф
– 50 мл доматно пире
– сол, црн и црвен пипер

ЗА ПРЕЛИВ:

– 2 јајца
– 300 г кисело млеко
– 100 г кашкавал
– 100 г сирење
– 3 лажици брашно

ПОДГОТОВКА:
Со половина путер запржете го ситно сечканиот кромид и морков. Откако ќе омекнат, додајте го меленото месо, сенфот и зачините. Кога ќе биде запржено ,додајте го доматното пире. Сè измешајте и оставете го на тивко да се готви 15 минути. Во останатиот путер кратко запржете го модриот патлиџан кој сте го исекле на кругови, посолиле и исцедиле од течност.

Пиперката, доматите и тиквичките исто така исечете ги на кругови. Во длабок сад подмачкан со масло наредете ги запржените модри патлиџани, над нив меленото месо, па ред пиперки, домати и тиквички. Ставите малку вода, прекријте со фолија и печете 50 минути во рерна загреана на 180 степени.

Во сад измешајте ги јајцата, брашното, киселото млеко и ренданите кашкавал и сирење. При крај на печењето прелејте ја мусаката и вратете ја во рерна да се допече и да добие златно кафеава боја.