Без итна државна помош преку петтиот сет мерки за помош на туристичко – угостителскиот сектор, дел од вработените ќе останат без работа, предупредуваат од Хотелската асоцијација на Македонија. Велат дека со месеци не работат, не остваруват приходи, па поради тоа немаат и со што да ги платат работниците.
„Ги немаме добиено парите, тоа претставува огромен проблем. Ако продолжи, во брзо време со овој интензитет со висока бројка на заболени во државата, со затворање, со полни болнички кревети и празни хотелски кревети, тоа ќе придонесе за еден малку поголем проблем, каде ќе мора некои од хотелите да почнат со испуштање на тие кадри“, рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
– Advertisement –
Хотелиерите се надеваат дека рестирктивните мерки ќе траат кратко, за загубите да бидат помали. Размислуваат за отпуштања, чекор кој веќе почнале да го прават некои.
„Доколку продолжиме вака и да сакаме и да не сакаме ќе мораме. Моментално имаме 23 вработени, но натаму ќе видиме. Веќе претпревме големи загуби, но ќе се заголемат или ќе се дуплираат. Откажани ни се големите групи кои ги имаме до јуни и јули“, рече Марјан Трпески-хотелиер.
Инаку петтиот сет мерки подолго време е заглавен во Собранието, поради што околу 15.000 лица, немаат земено минимална плата за февруари и март. Хотелиерите се плашат дека и оваа сезона ќе пропадне, затоа што туристите од западноевропските држави ќе ги нема ова лето. Според Агенцијата за вработување во Охрид и Струга, од почетокот на пандемијата односно од 11 март 2020 до 28 февруари 2021 година без работа останале речиси 1.300 лица. Вкупниот број на невработени е 8.950 лица.
Инаку петтиот сет мерки, финансиска помош подолго време е заглавен во собранието, поради што околу 15000 лица, немаат земено минимална плата за февруари и март. Хотелиерите се плашат дека и оваа сезона ќе биде пропадната, затоа што како што засега стојат работите, туристите од западно европските држави ќе ги нема ова лето, а токму тие беа оние од кои регионот добро живееше последните неколку години.Според Агенцијата за вработување во Охрид и Струга од почетокот на пандемијата односно од 11 март од 28 февруари без работа останале речиси 1300 лица.Додека вкупниот број на невработени е 8950 лица.
Мики Трајковски