
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) денеска објави дека е потпишан договор со Турција за производство на својата вакцина „Спутник V“ против KОВИД-19, објави новинската агенција Интерфакс, a пренесува Ројтерс.
Дополнително, РДИФ во соопштението наведува дека веќе започнал и трансферот на технологијата за производствените погони во Турција. Рускиот фонд за директни инвестиции досега потпиша зделки за производство на „Спутник V“ со Јужна Кореја, Кина, Индија, Бразил, Белорусија и Казахстан.
– Advertisement –