Турција двојно го зголеми увозот на нафта од Русија оваа година, покажуваат податоците на фирмата за финансиска анализа „Рефинитив“.
Турција годинава го зголемила увозот на повеќе од 200.000 барели дневно, додека во истиот период лани увезувала 98.000 барели дневно од оваа земја, наведува „Рефинитив“.
Турција не воведе санкции против Русија и наведува дека сè уште се потпира на руските енергетски испораки.
Може ли Европа да живее без руски гас?
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретнаа на почетокот на август во Сочи, Русија и се договорија за зајакнување на деловната соработка.
Трговијата меѓу Турција и Русија „цвета“ од пролетта, бидејќи на турските фирми не им е забрането да соработуваат со руски компании.
Со тоа Русија ја пополни празнината создадена со повлекувањето на компаниите кои доаѓаат од земјите на Европската унија поради нејзината инвазија врз Украина./slobodnaevropa/