Канада забрани кинеската државна компанија „Шандонг голд мининг“ (Ѕhаndоng Gоld Міnіng Со.) да купи рудник за злато во канадскиот дел на Артикот. Премиерот Џастин Трудо се соочува со притисок од Пекинг за зголемување на влијанието на Кина во поларниот регион, објави „Волстрит џурнал“.
Тоа е второ вето на Трудо за кинеска зделка, што дополнително може да ги влоши односите помеѓу Канада и Кина. Односите помеѓу Отава и Пекинг се тензични по затворањето на Менг Вахзо, главниот финансиски директор на Хуавеј и неговата ќерка. Таа беше приведена кон крајот на 2018 година во Ванкувер под обвинение дека Хуавеј ги прекршила американските санкции кон Иран. Потоа во Кина беа приведени двајца Канаѓани, а Трудо тоа го оцени како одмазда.
„Шандонг“ е една од најголемите компании за експлоатација на злато во светот, и се обидува да го купи „ТМАС Ресурс“, рудникот за злато што се протега на 200 километри на Северниот пол, за околу 150 милиони американски долари.
Според канадските закони, Владата може да забрани продажба на странска државна компанија, во случај на загрозување на националаната безбедност. Трудо првпат стави вето за продажба на „Ејкон груп“ (Аесоn Grоuр) на Кина.