Полицијата приведе тројца луѓе по падот на жичарница во Италија, кога загинаа 14 луѓе, објави денеска новинската агенција АНСА.
Advertisements
Несреќата се случи во неделата во регионот Пиемонт.
Во кабината имало 15 луѓе, а жичарницата во моментот на несреќата се движела од градот Стреза кон планинскиот врв Мотароне, пренесува Хина. Падот го преживеало само едно петгодишно дете.
За време на истрагата, полицијата ги приведе инженерот на жичарницата, директорот на службата и оперативниот шеф на службата. Истрагата утврдиле дека системот за кочење бил „наместен“ за да се избегне доцнење на жичарницата, изјавила јавната обвинителка Олимпија Боси, пренесува АНСА.