Чукањето со јајца е една од велигденските традиции, особено на радост на помалите членови на семејството. Уште вечерва, по полноќ и во текот на утрешниот велигденски оброк, во повеќето семејства се организираат вистински мали натпревари.

Подготовките за најрадосниот христијански празник се при крај, јајцата, како најважен фактор на овој ден, веројатно сте ги подготвиле во четвртокот пред изгрејсонце или денеска. Следува уживање во сите слатки и солени деликатеси од празничната трпеза, а посебна радост е предизвикува кршењето со јајцата.

Во текот на секој велигденски оброк, повеќето семејства организираат вистински мали натпревари, чие јајце ќе победи. Затоа, ви откриваме неколку трикови, како вие да го изберете најсилно јајце.

Јајцето можете да го тестирате и ако нежно го удрите од забите. Она јајце кое е силно, ќе предизвика лесен, висок звук, додека послабите јајца ќе произведат придушен звук.

За борбата да биде рамноправна, кршењето започнува со истите краеви: врв со врв, а поширокиот крај се удира со поширокиот крај на другото јајце. Држете го јајцето цврсто и удрете силно и прецизно.

Без разлика дали јајцето што го одбравте ќе победи или не, важно е да се забавувате и да уживате со семејствотот во најрадосниот христијански празник.

.