НЕКОИ луѓе изгледаат безопасно затоа што се љубезни и пријателски настроени, но зад нивната насмевка се кријат лоши намери. Тие не се грижат за вашите чувства и можат без двоумење да ви забијат нож во грб. Ова се хороскопските знаци кои најчесто се преправаат дека се искрени, но лесно би можеле да ве изневерат.

Близнаци

Близнаците се преправаат дека се искрени, невини и пријателски настроени, но во реалноста тие се зли суштества кои ќе ве издадат без око да им трепне. Тие уживаат да шират озборувања и први ќе изневерат тајна што им е доверена на чување. Тие се одлични манипулатори на кои не треба да им верувате.

Вага

Вагите сакаат да им угодуваат на луѓето, па често глумат искреност и доверливост за да ги убедат другите дека се добронамерни. Не сакаат конфликти, па никогаш нема да ви ја покажат својата зла страна. Склони се да даваат лажни комплименти и се преправаат дека се согласуваат со вас за сè, но штом ќе добијат шанса, ќе ве оговараат со некого.

Риба

Луѓето родени во знакот Риби се склони кон пасивно-агресивно однесување. Нивниот став зависи од нивното расположение и се менува во зависност од тоа како се однесувате кон нив. Умеат да манипулираат и да се преправаат дека се подобри од нив. Немаат храброст отворено да ги критикуваат луѓето, па тоа го прават зад грб.