Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на предлог-законот за воениот буџет, кој треба да изнесува 740 милијарди долари.

„За жал, овој предлог-закон за воен буџет не вклучува значајни безбедносни мерки и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место во фокусот на системот за национална безбедност. Ова е подарок за Русија и Кина“, напиша Трамп во пораката до американските конгресмени, пренесува СНБЦ.

Предлог-законот предвидува проширување на санкциите против руските гасоводи „Северен поток 2“ и „Турски поток“, натамошно снабдување со оружје за украина, забрана за воена соработка меѓу американски и руски воени сили и санкции против турција поради набавка на руски системи за противвоздушна одбрана С-400, како и други мерки против Русија.