Поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести дека може да влезе во претседателската трка по трет пат, велејќи, на собирот организиран од поранешни членови на неговата администрација, дека неговиот обид за импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, биле дизајнирани за да биде спречен во тоа.

Advertisements

На собирот на Политичкиот институт „Америка на прво место“, во Вашингтон, Трамп ја оствари својата прва посета на главниот град откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година. Според медиумите, поранешниот претседател може во септември да објави дека влегува во трета претседателска кампања. Иако тоа официјално не го соопшти, во својот говор навести дека не планира да оди во политичка анонимност.

„Нашата држава е на земја. Имаме највисока инфлација и највисоки цени на бензинот. Американскиот сон е уништен. Ако во ноември, по изборите за Конгресот, освоиме мнозинство, а потоа победиме на наредните претседателски избори, ќе мора да направиме сѐ за да ја спасиме иднината на нашата земја“, рече тој.

„Победив во мојата прва претседателска трка во 2016 година и имав уште подобри резултати при мојата втора кандидатура во 2020 година. Знаете што? Можеби едноставно ќе треба да го повториме тоа“, додаде Трамп.