Телото на 4-годишно девојче било пронајдено во автомобил во двор на куќа во Доња Пискавица, село Драгичевиќ, јавуваат локалните медиуми.

Според медиумите, причината за смртта била топлина, односно екстремно прегревање.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител наредил да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.