Португалскиот стручњак ја напушти тренерската клупа на Рома на крајот од оваа сезона.

Фонсека не се согласи да продолжи да работи со Рома и клубот одлучи тој повеќе да не биде тренер на овој тим.

Рома одлучи дека нов тренер од следната сезона ќе биде Жозе Мурињо, а тие се простија од Фонсека пред две недели кога официјално заврши сезоната во Серија А.

Сепак, се чини дека Фонсека нема да чека долго за да најде нов ангажман и како што стојат работите, неговата кариера ќе продолжи во Англија.

Имено, вечерва многу италијански и англиски медиуми објавија дека Фонсека е во преговори со Тотенхем и дека се чини дека тој ќе биде новиот тренер на англискиот клуб.

Џанлука Ди Марцио објави дека преговорите се при крај, а наскоро се очекува и официјална потврда.

Фонсека се согласи на условите што му ги понуди Тотенхем, и тој треба да потпише тригодишен договор со лондонскиот клуб.

Интересно е што Мурињо и Фонсека практично си ги заменија местата. Мурињо беше тренер на Тотенхем до пред два месеци, но беше отпуштен поради низата слаби резултати.