Американската национална метеоролошка служба соопшти дека торнада биле пријавени и во Тексас и Арканзас, а системот на бура се движи понатаму во Луизијана, според АП.
Во Тексас, властите во округот Ламар соопштија дека најмалку 50 домови се оштетени или уништени, а 20 лица се повредени, додека 10 се згрижени во болница, од кои две се со сериозни повреди.
Властите прогласија состојба на катастрофа во областа, чекор кон добивање федерална помош и финансирање, според АП.
– Има целосно уништување во јужниот и источниот дел на Адабела – изјави за локалниот весник координаторот за управување со вонредни ситуации во областа Мекартен.
Исто така, беше објавено дека некои луѓе се заробени во урнатините, а властите на државата Оклахома испратија тимови за пребарување и спасување и мобилни генератори во областа Ајдабела.
Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Оклахома соопшти дека најмалку три други окрузи биле исто така погодени од невремето, со поплави во некои области.
Во торнадо што помина низ делови на американските сојузни држави Тексас и Оклахома, најмалку едно лице загина, а околу 20 лица се повредени, а десетици куќи и згради останаа во урнатини.
Вчера торнадо го погоди округот Меккертен во југоисточниот дел на Оклахома, а службите за вонредни состојби во таа држава потврдија дека едно лице загинало, пренесува АП.
Во малиот град Идабел уништени се црква, здравствен дом и училиште.