Повторно е актуелна приказната за лансирањето на фудбалската Суперлига. Иницијаторите се обидуваат да го протуркаат проектот за ново елитно европско клупско натпреварување. Директорот на компанијата „А22“, која беше основана за проектот Суперлига пред неколку години, изјави дека преговорите траат подолго време и дека Суперлигата е реалност.

Advertisements

„Темелите на европскиот клупски фудбал пропаѓаат и време е за промени. Клубовите се во голема опасност и кога ќе се донесат најважните одлуки за нивниот опстанок и целиот систем, тогаш ништо не се бара од нив. Верувам дека навивачите ќе сметаат дека новиот проект е многу поприфатлив“, рече директорот на „А22“, Бернд Рајхарт.

Таа идеја не им се допаѓа на љубителите на фудбалот, а фудбалерите засега не се изјаснуваат. Тоа го направи само Тони Крос, играчот за врска на Реал Мадрид. Германецот смета дека Суперлигата е добра идеја и дека треба да се испроба.

„Зошто е во ред УЕФА да воведе Лига на нации која никому не му треба? Одеднаш никој не ги прашува за тоа. Мислам дека е неверојатно важно да се слушаат други предлози како Суперлигата“, изјави Тони Крос.

Прикажи повеќе