Македонија загуби од Словенија со 31-21 на Светското првенство, но според голманот Мартин Томовски разликата е превисока и не ги отсликува вистинските случувања на теренот.

Томовски смета дека техничките грешки и лесните погодоци биле пресудни на натпреварот притоа посочувајќи дека тој и соиграчите ќе направат се за да направат изненадување на следните дуели против Русија и Белорусија.

-Добро го започнавме првиот дел, меѓутоа во вториот направивме многу технички грешки. Словенија не казни многу лесно, како што веќе кажа селекторот, разликата не е реална. Мора да бидеме на повисоко ниво во следните натпревари, да направиме изненадуавња против Русија и Белорусија, -порача Мартин по средбата во Каиро.

Следниот предизвик за момците на Данило Брестовац е Русија, пресметка која се игра на 22 јануари од 15:30 часот.