По завршувањето на снимањето на продолжението на македонската хумористична серија „Преспав“ каде Тијана ја толкува урнебесната Ула, таа се врати во Србија.

Нашата Тијана Дапчевиќ веќе две децении ужива хармонична љубов со својот сопруг Милан. Тие го имаат синот Вук и со години живеат во Белград.

Јавноста ретко гледа нивни заеднички фотографии, иако Тијана е многу активна на социјалните мрежи.

Instagram
Instagram

А сега, таа ја откри причината зошто нејзиниот сопруг не е присутен во јавноста како што посакуваат нејзините обожаватели споделувајќи искрена фотографија на својот профил на Инстаграм.

Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика и секогаш едвај го фаќам за фотографија. Сега успеааав. Мојата карпа и ветар в грб веќе 20 години…“, напиша пејачката во описот на фотографијата.