Пол Погба веројатно нема повеќе да игра фудбал во 2022 година, а таа варијанта е реална ако се одлучи за операција на коленото по проблемите со менискусот.

Advertisements

Тоа би значело дека нема да настапи за Франција ниту на Мундијалот во Катар во ноември и декември годинава.

Погба се повреди на дуелот меѓу Јувентус и Гвадалахара што се играше пред шест дена.

Постои варијанта играчот на Јувентус, кој направи камбек кај Старата дама ова лето, да одлучи да избегне операција на повреденото колено и да мирува два месеци, но тоа не е долгорочно решение и без операција не може да се санира повредениот менискус на коленото.

Јувентус сега мора да бара замена за Погба во тимот, а се најавува дека следна цел за трансфер ќе биде да се купи Саул Нигез, кој е играч на Атлетико Мадрид, а настапуваше во ланската сезона за Челзи како позајмен фудбалер.

Извор: Спортманија

Прикажи повеќе