Татко откако го земал синот од градинка забележал дека има црвенило на лицето, за кој се посомневал дека бил од удар од рака.

Полицијата информира дека вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, Х.М.(33) од с.Никиштане, скопско, пријавил дека, откако го земал малолетниот син од детска градинка на подрачјето на Карпош, забележал црвенило на лицето на детето, кое, според пријавеното, најверојатно му било од удар со рака.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.