Титулата најубаво лице за 2020 година, според листата на TC Candler и независните критичари, ја доби 19-годишната израелска манекенка Јаел Шелбија, која моментно отслужува воен рок во воздухопловството на својата земја.
„Никогаш во ништо не сум била прва. Многу е убаво“, изјави Шелбија, која на социјалните мрежи ја следат скоро еден милион лиѓе.
Израелските медиуми пишуваа дека манекенката е во врска со 35-годишниот син на милионерот Брендон Корф, кој е депортиран од Израел бидејќи ги прекршил правилата на карантинот кога тајно ја посетил.