Мисијата на СЗО откри дека уште во декември 2019 година во Вухан, имало 13 различни соја на коронавирусот, изјави во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен научникот од Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек.
Податоците собрани за време на првото патување на научниците, кое имаше за цел да го испитаат потеклото на ковид-19, може да укажат на епидемија што била далеку пораспространета отколку што досега се мислеше.
– Advertisement –
Некои вирусолози веруваат дека големиот број соеви во Вухан уште во декември може да значи дека вирусот претходно се ширел незабележан.
„Во Вухан вирусот кружел уште во декември, што е ново откритие“, вели Ембарек, главен истражувач за мисијата на СЗО во Вухан, додавајќи дека откриле знаци оти во Вухан во декември 2019 веќе имало над 1.000 заболени од ковид-19.