Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 585.000 случаи на коронавирус се регистрирани во текот на вчерашниот ден, со што бројот на заразени достигна 72,19 милиони.
Податоците на СЗО покажуваат дека бројот на смртни случаи се зголемил за 11.400 и надминал 1,63 милиони, објави агенцијата ТАСС.
Јужна и Северна Америка имаат над 45 проценти од заразените во претходните 24 часа, а потоа следат Европа и Југоисточна Азија.
Најмногу заразени има во САД (околу 17 милиони), по што следи Индија со 9,9 милиони, а трета земја е Бразил со 6,9 милиони.