Случаите на зараза и смртните случаи како последица од коронавирусот се намалуваат во повеќето региони, вклучително и во најпогодените области на Америка и Европа, но шокантната глобална разлика во пристапот до вакцините е еден од најголемите ризици за ставање крај на пандемијата, изјави директорот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејезус.
Advertisements
„Сега гледаме пад на бројот на случаи со ковид – 19 и смртните случаи во повеќето региони, вклучително и во Америка и Европа“, рече Гебрејезус на веб-семинар посветен на пандемијата.
Сепак, тој изјави дека бројот е сè уште „неприфатливо голем“, со повеќе од 5,4 милиони регистрирани случаи и скоро 90 000 смртни случаи минатата недела.
СЗО потврди дека во светот се пријавени околу 158 милиони случаи и 3,3 милиони смртни случаи. Досега се дадени повеќе од 1,2 милијарди дози вакцини.