Со триумфот над Франција, по изведувањето на пенали, Аргентина ја освои третата мундијалска титула во својата историја, по пауза од 36 години. Ова е втор најдолг период без мундијалско злато по оној на Италија, која мораше да чека цели 44 години, од 1938 до 1982 година.

Advertisements

За освојувањето на светската круна на Аргентина, најголемо влијание имаше Лионел Меси, кој освен што беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот во Катар, постави и многу други рекорди. Стана прв стрелец на својата земја со 13 постигнати голови, надминувајќи го Габриел Батистута со 3 погодоци помалку. Покрај ова, Меси стана и првиот фудбалер кој учествувал на пет светски првенства, го надмина рекордот на Паоло Малдини како играч со најмногу одиграни минути на едно светско првенство, односно 2.314.

Покрај престижот што го нуди учеството на Мундијалот, репрезентациите добија и финансиски придобивки кои се поделени според постигнатиот успех. Аргентина како победник инкасираше 42 милиони долари, а Франција 30. Хрватска на третото место заработи 27 милиони долари, а Мароко 25. Холандија, Бразил, Португалија и Англија кои завршија од петтото до осмото место, заработија по 17 милиони долари, додека самото учество на турнирот ѝ донесе по 9 милиони долари за секоја репрезентација.

Во Катар беа дадени и најмногу голови во историјата на светските првенства. На 64 натпревари беа постигнати 172 гола со што се надминаа досегашните рекорди од СП „Франција 2018“ и „Бразил 2014“ каде беа постигнати по 171 погодок. На третото место е Светското првенство „Русија 2018“ каде беа постигнати 169 голови. Најдобар стрелец е Килијан Мбапе со 8 погодоци.

Тимот Јувентус е на првото место во однос на другите тимови по бројот на фудбалери кои ја освоиле титулата светски шампион. „Црно-белите“ имаат 27 фудбалери со мундијалско злато на градите, оставајќи го зад себе Баерн Минхен со 24. Последните победници кои доаѓаат од Јувентус се Ди Марија и Паредес./Alsat.mk

Махир Тачи