Поранешниот советски лидер кој ја презеде власта во 1985 година, го отвори Советскиот Сојуз кон светот, воведе значајни реформи дома и ја донесе Студената војна до мирен крај. Сепак не можеше да го спречи бавниот распад на Советскиот Сојуз, од кој излезе модерна Русија. Добитник е на Нобелова награда за мир во 1990 година за водечката улога што ја имаше во радикалните промени во односите Исток-Запад“. Во новата Русија, по 1991 година, остана на работ на политиката. Во последното интервју за Би-Би-Си во 2019 година, тој предупреди дека нуклеарното оружје претставува закана за светот.

„Се додека постои оружје за масовно уништување како што е нуклеарното, претстои голема опасностза светот. Сите народи и сите нации во светот треба да се изјаснат дека нуклеарното оружје треба да се уништи. Само така ќе зе спасиме себе си и нашата планета.“Михаил Горбачов.

И светските лидери се збогуваат со последниот советски претседател Михаил Горбачов.

„Како лидер на СССР, тој работеше со американскиот претседател Роналд Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи”,напиша американскиот претседател Џо Бајден. Генералниот секретар на обединетите нации, Антонио Гутереш изрази длабока тага и го нарече Горбачов уникатен државник, кој го промени текот на историјата.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен на твитер напиша дека „последниот советски лидер „одигра клучна улога во завршувањето на студената војна и падот на железната завеса.

Историјата ќе го запамети како човек кој започна историски трансформации кои беа во корист на човештвото и на рускиот народ“.