Вчера, волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести.

На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници.

Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје

Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој!