Откако Масимо Морати одлучи да го продаде Интер во 2013 година, италијанскиот клуб помина низ многу турбулентни времиња под водство на Ерик Тохир.
Со доаѓањето на Стивен Жанг на кормилото, „нероаѕурите“ успеаја да се вратат во друштвото на најдобрите во Италија и Европа, но „Фајненшл тајмс“ доцна синоќа објави дека Кинезите одлучиле да го продадат миланскиот клуб.
Адвокатите веќе почнале да бараат потенцијални купувачи, сопствениците на Интер побараа помош од познатата групација „Голдман Сакс“.
Станува збор за инвестициски фонд кој управуваше со процесот на продажба на Челси, кој на крајот го купи американскиот бизнисмен Тод Боели за 2.500.000.000 фунти од Роман Абрамович.
Кинезите имаат големи финансиски проблеми во својата татковина, особено по неуспешниот договор со „Алибаба“. Затоа позајмиле од банката 275.000.000 долари и за возврат го ставиле Интер на берзата.
Токму ова е причината поради која Антонио Конте го напушти „Џузепе Меаца“ веднаш по освојувањето на титулата по пауза од 11 години.