Повеќе од 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, откако два воза се удриле еден во друг во забавен парк во јужна Германија.
Еден воз на тобоганот пробал да закочи, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Гунцбург, јави германската новинска агенција dpa.

Advertisements

На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби. Најмалку 34 лица се повредени.

Засега не е познато како дошло до несреќата./Makfax

Прикажи повеќе