Секоја година во јануари се одржува Денот без панталони. На тој ден многу луѓе, претежно во САД и Велика Британија, одат на работа – без панталони. Тоа се случи и денеска, кога стотици луѓе беа снимени без панталони во лондонското метро.

Годинава во иницијативата учествуваа 60 градови.

Се започна пред 12 години како шега на седум момци, а набрзо стана годишна прослава на лудоста. Настанот го креираше групата Improv Everywhere во Њујорк. Секоја година се менува точниот датум, а во декември е познат и денот на кој тимот ќе оди без панталони по метрото.

Идејата зад Денот без панталони е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици без панталони среде зима. Освен тоа, тие се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, но немаат панталони.