Истрагата за ракетниот напад во Полска при кој загинаа две лица, е во тек, но засега нема индиции дека ова е резултат на намерен напад, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по вонредниот состанок на Алијансата во Брисел.

Нема индиции дека ракетниот напад врз полската територија е намерен напад од Русија и дека нема индиции ни дека Русија планира напади врз земјите членки на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Ова го изјави по состанокот во седиштето во Бисел на амбасадорите на НАТО по барање на членката на Алијансата, Полска, а со него претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Тој изјави дека истрагата се уште трае но дека нивните прелиминарни воени анализи покажуваат дека инциденнтот најверојатно настанал кога укриански воздушен проектил бил истрелан од украинска територија за да пресретне руски проектил, со цел одбрана.

„Но да бидам јасен, ова не е вина на Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина“, изјави Столтенберг.