Компанијата Starlink, која е во сопстеност на SpaceX, почна да тестира нова услуга наречена Global Roaming. Global Roaming ветува пристап до интернет речиси секаде на копно на Земјата, а претплатата ќе чини 200 долари месечно, додека исто така потребно е да се купи антена и да се опреми Starlink Kit по цена од 599 долари. Новата услуга ќе користи меѓусателитски врски за обезбедување интернет за корисниците таму каде што е достапна покриеноста со Starlink.
Поради експерименталната природа, Global Roaming услугата ќе понуди интернет со ниска латенција, но ќе има периоди на слаба или прекината конекција. Оваа услуга зависи од одобренеито на регулаторите, кое Starlink уште чека да го добие во различни земји.
Моменталната Starlink RV услуга овозможува користење на интернет во странство, но Global Roaming ќе покрие поголема територија во однос на RV планот, кој чини 135 долари, односно 124 евра, но е ограничен на користење на истиот континент.