Член на СНСД во Општинското собрание на Шамац, Милан Јовановиќ, се удавил вчера околу 17 часот на реката Сава, додека пливал со двајца пријатели.

Според соговорниците, тие пливале во близина на сливот на Босна во Сава, кога Јовановиќ го однела водата, пренесуваат локалните медиуми.

-Веднаш потоа нуркачите од Модрич излегоа во потрага по телото на лице место, но без успех. Од утрово повтроно се трага, а Републичката управа за цивилна заштита е вклучена со целата опрема и трага по телото кое се уште не е пронајдено. Се уште не може да изјави дека се удавил, но се води кон тоа, изјавил соговорник за српските медиуми.