Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави две фотографии од “цитроенот” кој беше користен за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

На едната фотографија, која е наводно фотографирана на денот на убиството, се гледа само возилото.

На втората се гледа и лик кој го управува автомобилот, а кој наликува на убиениот Панче Жежовски, па претпоставката на српскиот политичар е дека оваа фотографија е направена пред неговото убивање, односно и пред денот на грабнувањето на малата Вања.

Ного најавува дека утре на неговите канали на социјалните мрежи ќе ги објави сите снимки со кои располага, како и детали за тоа кој и како го решил случајот со двојното убиство.