Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, заедно со претседавачот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска имаше средба со резидентниот директор на Националниот демократски институт (NDI) во Република Северна Македонија, Скот Хислет, придружуван од Александра Цветковска, програмски директор и Ана Ангеловска, програмски менаџер.Како што се наведува во соопштението од Општина Гостивар, Таравари се заблагодарил на NDI за примерната соработка и континуираната поддршка преку проектите што се реализираат во општина Гостивар.-Исто така, беше истакнато дека општина Гостивар е лидер на ниво на земја во однос на инклузивноста, особено родовата еднаквост и дека многу значајни сектори во општината се предводени од жени, се посочува во соопштението. На средбата, како што стои, беше нагласена и клучната улога на Советот на општина Гостивар во овие области, меѓу другото преку формирање на Комисија за еднакви можности на мажите и жените, зајакнувањето на учеството на младите, како и континуираната поддршка на Советот при донесување одлуки во интерес на граѓаните.