Многу руски дипломати кои биле протерани од европски земји по рускиот воен напад врз Украина под сомнение за шпионажа нашле засолниште во Србија, покажува неколкумесечното истражување на Радио Слободна Европа. Во март 2022 година, во Србија имало 54 акредитирани руски дипломати. Една година подоцна, оваа бројка достигна 62. Најмалку тројца од овие протерани дипломати подоцна повторно се појавија како акредитирани дипломати во Србија.
Како пример се наведува случајот со протерувањето на 18 дипломати од Хрватска меѓу кои и вториот секретар во руската амбасада, Алексеј Иваненко. Пред да бидат депортирани, американските власти објавија дека тројца руски разузнавачи, 6 години ги хакирале американските нуклеарни компании. Податоците на српското МНР покажуваат дека протераниот дипломат од Хрватска, добил нова функција во Белград, прв секретар на руската амбасада.
Друга земја која протера десетици руски дипломати беше Полска. Варшава ги сметаше за „закана за интересите на земјата“ и ги обвини дека работат „на поткопување на стабилноста на Полска и нејзините сојузници“.
Полска јавно не идентификуваше ниту еден од официјалните лица кои беа депортирани, но од сајтот на руската амбасада во Варшава беше избришано името на дипломатот Михаил Генералов. Шест месеци подоцна, тој се приклучил на руската амбасада во Белград како советник.
Друг дипломат од септември ја извршуваше функцијата втор секретар во руската амбасада во Белград. Димитри Барабин не беше меѓу протераните од Холандија, но и покрај тоа, нему му беше забранет влез во земјата пред да ја преземе функцијата во руската амбасада во Хаг.
Во истражувањето на Радио Слободна Европа се споменува и името на дипломатот Пјотр Долгошеин, кој се јавува како советник во руската амбасада во Белград. До летото 2022 година тој ја извршуваше функцијата втор секретар во Руската амбасада во Хелсинки. . Преселбата на Долгошеин од Финска во Србија е видлива и во неговите објави на мрежата ВКонтакте.
Досега ниту Владата на Србија, ниту Министерството за надворешни работи, ниту кабинетот на претседателот Александар Вучиќ, не коментираа ниту одговорија на прашањата на новинарите на Слободна Европа. Руската амбасада во Белград, претходно, беше вмешана во шпионска афера. Во ноември 2019 година, српската влада објави дека открила руска шпионска мрежа поврзана со амбасадата, што го натера Вучиќ да го повика рускиот амбасадор на разговор. Вучиќ, сепак, го минимизираше инцидентот./Alsat.mk
Еви Шкопи