Минимални се шасните земјата брзо да го реши спорот со Бугарија и да започне преговори со ЕУ за време на самитите на Унијата во јуни и јули. Експертите својот песимизам го темелат на новите избори во Бугарија, за кои велат дека се неизбежни.

Виктор Канзуров  вели дека новите избори може да резултираат со нова бугарска влада во текот на летото или политичката криза ќе продолжи до крајот на 2021. Но, според него пробемот е во македонската пропаганда, каде лежи и решението, а не во новата бугарска Влада.

„Ако оваа политичка криза продолжи во Бугарија, постои можност да има техничка влада, чијашто функција ќе биде да организира нови избори. Формално ќе има министер за надворешни работи, но во овие влади се избегнува потпишување на некои клучни прашања. Но, јас не мислам дека би било проблем да се потпише ако се постигне консензус во Бугарија ако има позитивен сигнал од Македонија”.

Поранешниот вицепремиер Васко Наумовски проценува дека до крајот на годината Бугарија нема да може да влезе во суштински преговори за надминување на пречките за почеток на преговорите меѓу земјата и ЕУ. Затоа, според него, потребно е земјата да ги продлабочи реформите.

 Во меѓувреме во Скопје, премиерот Заев, министерот за надворешни работи Османи и специјалниот претставник Бучковски изразија умерен  оптимизам дека билатералното прашање може ќе се реши летово односно до крајот на годината. Вицепремиерот Димитров изјави дека нема гаранција дека ќе започнеме преговори со ЕУ оваа година и дека тоа не може да им даде на граѓаните многу надеж.