Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со случајотза приведувањето на Ламбе Алабаковски на новинарско прашање денес од Охрид одговори дека е најдена облеката на осомниченото лице, но и други предмети поврзани со кривичното дело. Спасовски додаде дека се работи за несоборливи докази и дека се бара притвор.
-Имаше посебна активност за Битола и во врска со тој случај беа направени многу службени разговори. На основа на сите овие податоци и информации доцна синоќа по наредба на надлежниот суд и надлежен обвинител беше извршен претрес во домот на осомничениот, како и во неколку други објекти. Најдена е облеката и други предмети кои се поврзуваат со кривичното дело, така што имаме несоборливи докази. Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изнесен пред судија на претходна постапка. МВР бара определување на мерка притвор, но би сакал да почекаме”, одговори Спасовски.
Во врска со идентитетот на осомниченото лице, односно дали е точно дека се работи за пејачот Ламбе Алабаковски, Спасовски повтори сами дека се работи за 34-годишен маж со иницијали Л.А. кој живее во Битола.