Апелирам до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, тоа право да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани, како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти, наведе на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни, наведува Спасовски.

Тој потенцира дека протестот е демократско право и може да го организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок.

– Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, додава министерот Спасовски во објавата.