Во ВМРО-ДПМНЕ нема промена во однесувањето и покрај смената на Груевски со Мицкоски, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења. Според него, нема причина за парламентарни избори, бидејќи, како што рече, нема ништо драстично да се промени на политички план. Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ги условува уставните измени со предвремени параментарни избори, тој одговори:
-Немаме разговор со нив за ниедно прашање кое може да се доведе во ваква корелација. Мора да се воспостави платформа на дијалог, да се стави приоритет на националните пред партиските интереси. Националните интереси не се решаваат со избори, тоа се партиски потреби на политичките партии, нагласи Спасовски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ секогаш декларативно е против одредени процеси, но потајно ги поддржува.