Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска усвои резолуција со која се признава дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е политички затвореник во Велика Британија.
За резолуцијата во ПС СЕ, која ја сочинуваат пратеници од 46 земји-членки на Советот на Европа, гласаа 88 пратеници, против беа 13, а воздржани 20, објави Викиликс на Икс.
Во нацрт-резолуцијата насловена како „Притворот и осудувањето на Џулијан Асанж и нивното застрашувачко влијание врз човековите права“, која претходно беше објавена на веб-страницата на PS SE, се укажува на важноста на слободата на печатот и се наведува дека „суровиот третман на Џулијан Асанж, кој неодамна беше ослободен од притвор по повеќе од една деценија политички мотивирано кривично гонење за неговата новинарска работа“ заслужува посебно внимание, пренесуваат агенциите.
Текстот Советот на Европа усвои резолуција: Асанж беше политички затвореник е превземен од МАКФАКС.