По официјалната дозвола за изградба на станови помали од 37 квадратни метри во Њујорк, американците го прифатиле фактот дека таквиот простор за живеење може да биде и многу функционален.
Архитектонската фирма „Stage 3 Properties“ била одговорна за дизајнирање на функционалните и естетски интересни ентериери на новите њујоршки микроапартмани, пишува „Gradnja.rs“. Тие истакнале три ставки кои можат да бидат основни лекции за успешно дизајнирање на мали простори за живеење.
Белата боја – секогаш прв избор!
Кога просторот што се уредува е мал, белата боја на ѕидовите и мебелот може да помогне просторот да изгледа визуелно поголем и да дозволи природната светлина пријатно да се рефлектира низ просторот.
Мебел со двојна функција
На мал простор, најважниот фактор на кој треба да се обрне внимание е секако функционалноста и мора да размислите за секое парче мебел што е вметнато во него.
Опциите за бирото да стане трпезарија, за каучот да стане кревет, секогаш се добредојдени. Мултифункционалноста е многу важна!
Пронајдете нови места за складирање
Фрлањето работи и намирници на мал простор може да биде голем проблем. Треба да се организираат што е можно повеќе вертикални простори за складирање.
Поточно во малиот стан, кујнскиот простор е секогаш треба да е добро организиран како простор за дополнително складирање.