Украинскиот претседател Володимир Зеленски доби аплауз во Капитол Хил за неговиот говор во кои ги убедуваше американските пратеници и сенатори да продолжат да ја финансираат неговата земја за одбрана од рускиот агресор. Тој рече дека американската воена и финансиска помош е „клучна“ за да се постигне конечна победа.

Advertisements

„Одбраната на Украина“ не се однесува само на животот, слободата и безбедноста на Украинците. Тоа ќе одреди дали ќе има демократија за Украинците и Американците. Војната „не може да се одложи, не може да се игнорира. Спротивно на најстрашните предвидувања, Украина не падна. Украина е жива и се бори. Руската тиранија повеќе не не контролира нас. Сакам да ви се заблагодарам, многу ви благодарам за финансиската помош што ни ја дадовте .Вашите пари не се милостина, тоа се инвестиција во глобалната безбедност и демократија, кои ги управуваме на најодговорен начин“, рече Зеленски.

На крајот од својот говор, Зеленски им даде на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и на американската потпретседателка Камал Харис, украинско знаме потпишано од борци на линијата на фронтот во Бахмут.

„Кога вчера бев во Бахмут, нашите херои ми го дадоа знамето, нивното знаме, знамето на оние кои со своите животи ги бранат Украина, Европа и светот.

Во Белата куќа тој имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден, со кого разговараше за помошта и текот на војната.

„Сакам целиот народ на Украина да знае дека американскиот народ е со вас на секој чекор од патот и ние ќе бидеме со вас“, рече Бајден.

Бајден најави нов пакет помош за Украина, вреден 1,85 милијарди долари, кој вклучува и батерија на системот за противракетна одбрана Патриот.„Патриот“ се смета за еден од најнапредните американски системи за воздушна одбрана и нуди заштита од авиони, крстаречки ракети и балистички ракети. Посетата на Зеленски на САД беше прва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Шкелзен Аќифи