![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2023/01/395442-730x470-1.jpg)
Обилниот снег во саботата предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во Чешка, Полска и Словачка.
Во чешкиот град Хертвиковице загина мотоциклист кога врз него паднало дрво на селски пат, јави агенцијата ЧТК.
Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков, 70-годишна жена останала без кислород и поради тоа починала.
Противпожарното возило кое требало да и достави нова боца со кислород поради снег излетало од патот и не стигнало на време, соопшти ПАП.
Во Полска 100.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме, јавува N1 Загреб.
Слично е и во Словачка, каде што илјадници домаќинства беа отсечени поради снегот.
Полицијата извести за голем број сообраќајни несреќи во таа земја предизвикани од лошите временски услови.