Законите се прифатени и правно обврзувачки правила кои пропишуваат што е забрането и што е дозволено и ги регулираат односите меѓу жителите и државата, како и меѓу жителите. Законите варираат од земја до земја, во зависност од политичкиот систем и културните вредности. Сепак, тие се многу слични во повеќето земји, барем во однос на она што го санкционираат (убиства, кражби, грабежи итн.).

Сепак, постојат закони низ нашата планета кои звучат прилично чудно. Ова се претежно остатоци од некои минати времиња, но има и такви што беа донесени релативно неодамна. Еве некои од тие необични закони, кои поради некоја причина сè уште се во сила:

  1. Во американската држава Аризона е нелегално да се остави магаре да спие во када.
  2. Ако имате куче во италијанскиот град Торино, тогаш според законот мора да го носите на прошетка најмалку три пати на ден.
  3. Во Јужноафриканската Република не е дозволено да се бори со мечки, што е многу чудна регулатива со оглед на фактот дека во оваа земја воопшто нема мечки, а веруваме дека не се ниту луѓето кои доброволно би се бореле со нив.
  4. Во Јужна Австралија, намерниот обид да се саботира свадбата може да ве чини 10.000 долари и две години зад решетки.
  5. Во Ла Паз, Боливија, мажените жени смеат да нарачаат само една чаша вино во ресторан или бар.
  6. Според прописот од 1313 година, кој се уште е во сила, забрането е влегување во британскиот парламент во оклоп.
  7. Во Сингапур гума за џвакање може да се набави само од аптеките со лекарски рецепт во кој се наведува дека ви е потребна за терапевтски цели.
  8. На жителите на Монако им е забрането да се коцкаат во казината во Монте Карло.
  9. На некои плажи во Шпанија е забрането да се градат големи песочни замоци и скулптури.
  10. Во Шри Ланка ќе платите казна ако направите селфи пред статуа на Буда.