Македоонија можела да го изгради автопатот од коридорот осум од Деве Баир до Ќафасан без да вложи ниту еден денар, но таква понуда во 1996 година  била одбена од тогашната влада на Бранко Црвенковски. Дирекророт на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми во интервју за телевизија Шења  и порталот зоом.мк тврди дека во тоа време американската компанија Бехтел и понудил на владата да го земе под концесија изградбата на автотот со право на менаџирање од 25 години, но тогашниот премиер Црвенковски одбил. Доколку тогаш била прифатена понудата, сега земјата ќе имаше автопат за безпари и ќе го вратеше менаџирањето.

„Во архивите на Јавното претпријатие за државни патишта видов дека концзорциумот Бехтел и Енка во 1996 година и понудил на Македонија да го изгради коридорот од Деве Баир до Ќафасан. Значи, со сопствени средства и да го менаџира за 25 години автопатот и таквата понуда не е прифатена. Ние денеска би го имале автпопатот на наше менаџирање“, вели директорот Рустеми.

Исто така, слична понуда Бехтел и Енка дале и во 2017 година, кога веќе работеле на изградба на автопатот во Косово од Приштина до македонската граница. Рустеми открива дека конзорциумот понудиле да продолжат со иградба на автопатот до Скопје за 130 милиони евра, и да го изградат за една година, но понудата од владата на Зоран Заев била одбиена.

Тој убедува дека автопатот од 110 километри ќе се гради за четири и седум месеци со највисоки европски стандарди, а цената на изградбата е слична на градење автопатиштата во земјите од регионот.