Македонскиот главен град Скопје денеска беше прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел.

На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Скопје беше избран за носител на оваа престижна титула во конкуренција со црногорскиот град Будва.