Педесет и едногодишен скопјанец бил најден починат во својот дом во општина Аеродром.

Според информациите од полицијата, се работи за лице со иницијали Ј.М.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид.