Неочекуван потег на Ајакс во финишот од преодниот рок. Антони замина во Јунајтед, а на негово место е договорен Лукас Окампос од Севиља. Аргентинецот пристигна во Амстердам, за Надзорниот одбор на клубот да одлучи да го врати назад. Сосема неочекуван, па дури и скандалозен потег. Оценката на Надзорниот одбор не е спорна, за тоа и служи. Контроверзно е тоа што управата на Ајакс му дозволи на Лукас Окампос да се збогува со соиграчите на стадионот „Санчез Пишуан“, од друга страна Севиља да го потпише Аднан Јанузај од Реал Сосиедад како замена за Окампос, за потоа да го прекине трансферот бидејќи процени дека цената од 20.000.000 евра со голема плата за повеќегодишниот договор на Окампос, сепак е „неодговорен“ потег.
Не е ни спорно дека Ајакс летово од продажба на играчи заработи неверојатни 216.220.000 евра, најмногу од било кој клуб на светот! Лесно е да се занесете во такви околности.
Инаку, во Ајакс важат строги правила: сите зделки над 1.000.000 евра мора да бидат оправдани пред Надзорниот одбор. Во конкретниот случај, тоа беше задача на шефот на стручниот штаб, Алфред Шредер, заедно со директорите Хунтелар и Едвин ван дер Сар. Требаше да го убедат раководството дека цената од 20.000.000 евра е соодветна во однос на тоа што Окампос ќе му донесе на клубот на теренот. Се чини дека овој пат не успеаја.
Извор: Sportclub