Синот на Тијана Дапчевиќ, Вук, денес полни 12 години. По тој повод Тијана и нејзината сестра Тамара Тодевска му го честитаа роденденот на своите профили на социјалната мрежа „Инстаграм“ со интересни фотографии и видео.
Тијана сподели неколку фотографии во чиј опис напиша емотивна роденденска честитка посветена на својот син.
„Најмил на мајка, среќен 12 роденден, да си здрав, среќен и паметен, те сакаат тато и мама до небото и ѕвездите и до аголот на универзумот“, напиша Тијана.
Под нејзината објава, роденденот на Вук му го честитаа и многу познати личности како српската пејачка Ивана Петерс, Милица Тодоровиќ, кошаркарот Перо Антиќ, Катерина Ивановска и други пријатели и следбеници на Тијана.
Кон честитките се приклучи и Тамара, па на својот профил сподели интересно видео со нејзиниот внук.
„Мојата прва љубов денес полни 12. Среќен роденден Вуле, тетка те сака бескрајно“, напиша Тодевска во описот на видеото.