Атлетико Мадрид е шампион на Шпанија. Ги победи далеку поголемите од себе Реал Мадрид и Барселона. Но, се чини дека ангажирањето на Луис Суарез за 7 милиони евра беше вистински потег. Сепак, тука имаше сплет на околности поради кои Уругваецот дојде кај нив. Како што е познато првата опција беше Јувентус, но поради тоа што не го положи тестот за италијански јазик (имаше скандал во кој има истрага дека мамел на полагањето), Луис Суарез сепак заврши во Атлетико Мадрид. Во последното коло постигна гол за победа против Ваљадолид за 2:1. Со 21 гол Суарез заврши на 4.то место на листата на стрелците, а се чини дека многу помогна за титулата.

Прашан за Суарез, тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне со интересен одговор.

-Ми се јавија од клубот и ме прашаа дали го сакам Луис Суарез. Се пукнав од смеење. Ги прашав дали вие тоа го мислите сериозно? Кога ми одговорија потврдно, реков одиме со сите сили по него, дури им реков дајте ми го телефонскиот број јас ќе му се јавам, вели Симеоне.